За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на овие податоци можеме да ги испорачаме нарачаните производи до купувачите, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни практики и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во КВАРЦ ДООЕЛ се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста. Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели, ниту ќе ги проследуваме до трети лица.

Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци за производите кои нашите посетители ги бараат и купуваат, како и за страниците кои ги посетуваат. Тие податоци ги користиме за да ја подобриме понудата и изгледот на нашата страница и да им овозможиме на корисниците поедноставно користење, посигурно и поудобно купување.

Perla.mk користи „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернет страницата на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој ви ги пратил. Една од основните намени на сookies е да ви обезбеди погодности кои ќе ви заштедат време.

СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. perla.mk се обврзува дека ќе се придржува до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки по објавувањето на оваа страница и праќање на известување до сите регистрирани корисници.